Општа цел на проектот е овозможување на услови за зголемување на приходите на малите произведувачи на храна (фармери) и привлекување на нови фармери преку воведување на иновации во земјоделството и руралниот развој. Интенција на проектот е да се претстави нов иновативен метод или модел којшто ги вклучува фармерите и останатите засегнати страни на заеднички активности за да се направи одржлив систем на храна кој што е изграден преку партнерство, што е еден од принципите на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој.

Цели на проектот:

  • Воспоставување и тестирање на нов систем на директна продажба на земјоделски производи од познат производител до заинтересирани потрошувачи чии побарувања се во поглед на квалитетот на храната, начинот на испорака (со што помалку контакти/врски) и стекнување  доверба на релација производител – потрошувач;
  • Градење поголема свест кај производителите и потрошувачите во врска со вредноста на локално произведена храна;
  • Воведување и практикување на ICT (информатички и комуникациски) алатки за комуникација на производителите на храна со потрошувачите.

Целни групи

Првата целната група првенствено се малите производители на храна од регионот на ЛАГ Бојмија (ја опфаќа територијата на општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран) кои произведуваат сезонски производи и имаат проблем при откупот на нивните производи, кои имаат желба да ги надградат своите вештини и знаења и да применат нови системи за продажба на нивните производи. Посебен осврт ќе се даде на младите производители исто така и на претставници од обата пола.

Втората целна група се потрошувачи кои имаат интерес да купуваат храна од локален производител, на кои квалитетот и начинот на производство им е приоритет.

Очекувани резултати

  • Воспоставен систем на директна продажба на малите производители на храна до потрошувачите;
  • Изградена доверба кај потрошувачите за вредноста на локално произведената храна, вклучувајќи автентичност и безбедност на храна;
  • Зголемена конкурентност на производителите преку пристап и употреба на најнови технологии и иновации, како и стекнати знаења за нивна употреба.